на почеток наградна игра вести newsletter контакт форум
 
 
Skip Navigation Links
За Жито Вардар
Производи
Брендови
Прес центар
Бидете во тимот со нас
Сертификати
Календар
 
   
барај
Совет за здрав живот
 


 ВИНЕАМ-ФАРМ АД, Свињарска фарма Виница

Свињарската  фарма ВИНЕАМ-ФАРМ се наога  во општина  Виница, лоцирана во непосредна  близина на с.Пеклани.
Виница е препознатлива  со теракотните икони  кои спагаат  во  Рангот на  најексклузивните откритија  од областа  на  ранохристијанската  уметност  на  Македонското подрачје. Теракотните  икони презентирани се  на повеке светски  изложби.
Пеклани се наога  на  10 км. источно  од  Виница,  а на 2 км. пред с.Пеклани  се  наога Свињарската  фарма. Во с.Пеклани e откриена златоносна рударска  галерија од  римското време. Користена е за  експлоатација  на златоносни  материјали, како  чакал и песок  преку  хоризонтални галерии во  алувијални речни  насипи.

ИСТОРИЈАТ

Винеам-Фарм  АД, Виница работи   како  посебен  правен  субјект  во  групација  Жито Вардар, Велес. Под овој назив  е од  почетокот  на  2002 година, а произлегува од поранешниот Земјоделски  индустриски  комбинат  Брегалница  Виница врз основа  на  претходно  донесен  план за негова  реорганизација  и  финансиска  консолидација.
Сопственичката  структура  на  Друштвото е следна: 98,5% од  акциите  се  на  сопственост  на  Жито Вардар АД Велес, а  1,5% се  сопственост  на  вработените во  Друштвото.  Со  влегувањето  на Свињарска фарма  во системот  на Жито Вардар АД, Велес  започна реконструкцијата  и обновувањето  на  опремата, воведување  на нови  генетики  во  производство  на свинско месо  и  денеска  капацитетите  се  користат  100%  и се произведува квалитетно свинско месо.

ДЕЈНОСТ  И  КАПАЦИТЕТИ

Основна дејност  на Свињарската фарма Винеам-Фарм  АД Виница е производство  на  гоени  свињи  и прасиња  за кооперанти.
Располага  со  производен  годишен капацитет за производство на  14.000 броја  гоеници  и 2.000 броја  прасиња  за  кооперанти.
За остварување  на  наведеното  производство  изградени се и опремени следните  објекти:

- назимарник        - за  240  броја ( 1 хала)
- припустилиште    - за  312   броја ( 4 хала)
- чекалиште        - за  396   броја ( 4 хали)
- прасилиште        - за  208    броја мајки ( 8 хали)
- А – фаза        - за  2.520 броја ( 6 хали)
- Б -  фаза        - за  2.520  броја ( 6 хали)
- гоилиште        - за  4.992  броја ( 12  хали)
- силоси  за  сточна храна  -  приемен силос за 30т и за повеќедневни  залихи за 150т
- работилница
- сопствен водовод
- систем за прием и таложење на отпадни води
- возила за  внатрешен транспорт
- управни  згради
- обработливо земјоделско земјиште ( под концесија)

КАДРОВСКА   СТРУКТУРА

Во  Друштвото вкупно се  вработени  31 работник со следната  квалификациона  структура:

ВСС -  4
ССС -  8
ВК     -  3
НКВ  - 16

Во  стручно  раководниот  тим  влегуваат  високо образовани  лица  од областа  на  сточарството
со  долгорочно искуство и млади кадри  кои треба  да ја понесат  иднината.

ТРАДИЦИЈА, ИСКУСТВО И НАУКА

Во  нашиот  производ е вградена  традицијата, искуството, знаењето, стручноста и  науката.
- Производството на свинско месо на  организиран  начин  ( фармерско производство) започнува пред  повеќе од  40 години, во тогашните  Земјоделски  задруги кои со нивна  интеграција е формиран земјоделскиот комбинат ЗИК Брегалница, Виница
- Од  1973 година  можат да се најдат  податоци за тогашните  капацитети  и количината  на произведено  свинско месо  и друѓи  податоци.
- Со влегувањето во Групација  Жито Вардар  во  2002 година  започнува  нов период  во развојот  на  свињарската  фарма.
- Во денешното производство  на свињи и свинско  месо  во  Винеам-Фарм своето  искуство го  вградуваат  луѓе  кои  целиот свој  работен  век  го поминале  во  производство на свињи.
- Знаењето и стручноста  ја вградуваат  вработените  кои се високо  образовни од областа  на сточарството  и дополнително едуцирани поконкретно во одгледувањето  на свињи.
- Преку долгорочната  и континуирана  соработка со  науката (Институт  за сточарство,факултети и  др.  институции )
- Преку  компанијата  Жито Вардар АД  Велес  соработка е воспоставено и со  стручни лица и експерти  од  водечките  Европски земји во  производство  на свинско месо.

СЕГАШНОСT

Денеска  здравото и квалитетно свинско  месо  го обезбедуваме  со:
- Здрава  домашна храна, произведена во  фабриката за  сточна храна  Градско на  Жито Вардар АД
- Со комплетна стручност  и  грижа за развојот  и растот  на гоениците  за  производниот  процес се  грижат  тројца дипломирани  инжинери  агрономи -  сточарска  насока.
- За  здравствената  состојба се грижи  дипломиран  Доктор по ветиринарна  медицина, ветеринарен техничар и ветеринарен  болничар во  соработка со  институции и експерти  од оваа област.
- За  амбиентот  и удобноста  на свињите  се  грижи  посебна група  со постојано  вработени  високо  квалификувани  бравари, водоинсталатери, електричари и други  профили, раководени  од дипломиран инжинер агроном- сточарска  насока.
- Годишно  произведуваме  14.000 броја гоеници за  пазарот  во Р. Македонија  а дел од тој  број оди  за  извоз  во Р. Србија.
- За кооперанти  годишно произведуваме  и испорачуваме  до  2.000 броја  прасиња  со тежина до  25 кг.
- Поголем  дел од производството  се  пласира преку  Жито Вардар, а околу  20%  Винеам-фарм дирекно ги  испорачува до  потрошувачите на регионалниот  пазар  во Источна  Маќедонија.
- Свинското месо произведено  во Винеам-Фарм, може да се најде  на  просторот  на цела Македонија, а дел и во  соседните  Србија и  Албанија.

Каде се го има свинското месо  и производите  од  свинско месо  произведено во  капацитетите  на  Винеам-Фарм можете да погледате  на  веб  страна та на Жито  Вардар, сектор месо и сувомеснати производи. А во регионот  во секоје време  можете  да  најдете од  нас  произведено  домашно  и квалитетно свинско месо  во месарите  во Виница, Кочани, Радовиш, Делчево и други делови од регионот.

ЦЕЛИ

Секојдневното  подобрување  на  квалитетната и здравствена состојба  на свињите  го остваруваме во  групацијата Жито Вардар АД Велес  чија членка сме и ние.
Во последните години  со промена на  генетиката  добиени се  високо квалитетни гоени свињи кои  даваат свежо свинско месо  со висок  квалитет, рамно со квалитетот  на  произведено свинско месо во водечки  земји  во оваа  производство  во  Европа и пошироко. Добриот квалитет  го потврдуваат  и постојаните наши купувачи на свинско месо, со тоа што кој еднаш  дошол, тој веќе постопјано е кај нас.
Купувачот е наша крајна цел  и затоа од ден  во ден сме поблиску  до купувачот. Тој не треба да мисли дали  во секое време ќе има  доволно  свежо  свинско месо, како да го  транспортира до своите  деловни објекти. Нему му останува  целосно  да се посвети  на своите ценети потрошувачи  и да го  проширува  својот бизнис, бидејки нашите цени ќе му го овозмножат тоа.
Зголемено производство, квалитет, воведување на сите стандарди  и што позадоволни купувачи се  нашите постојани цели.
Подобрувањето на  квалитет на свинско месо  е  секојдневна и долгорочна стратегија која ја  реализираме  со пратење и директна  комуникација со  Европските  производители кои  ги  имаат достигнато  највисоките  резултати од оваа област.
Воспоставени се директни контакти со  повеке  експерти од областа  на  свињарството од повеќе Европски  земји ( Холандија, Германија, Грција, Данска и др )
Постојано нашите  стручни кадри се испраќаат на обука  во свињарски фарми од наведените Европски држави.
Воведувањето на интегриран  систем од стандарди за квалитет е завршна  фаза.
Во тек е изработувањето на проекти за реконструкција и адаптација  на  објектите, а со цел обезбедување  на  технолошки  напредок  на произведените  процеси  во согласност со стандардите на  Европската  заедница  поврзани со  благосостојбата на  животните, здравствена состојба на животните, стандардите  за животната околина, а со тоа ќе се  подобри  квалитетот на свинското месо.
Квалитетот ќе го зголемиме  преку подобрување на  генетиката  со  увоз  на приплодни грла.
Ние сме лидери во производството  на свинско месо  во нашата држава па и пошироко.
Со реализацијата на  нашите  развојни  проекти  нашето лидерство  се повеќе ќе биде нагласено и во  однос  на  квалитет  на  нашиот  производ, бидејки  во  целост ќе ги задоволуваме  потребите и вкусовите  на  потрошувачите.

Конткти

Винеам- Фарм АД Виница
2310  Виница Р.Македонија

тел:        +38933375123
тел/фах: +38933375124

E-mailvineamfarm@zitovardar.com.mk
            sristovski@zitovardar.com.mk


 
 
 
 
 
 


 





Совет за здрав живот
Месото ја подобрува интелигенцијата  
повеќе...
 
 

Copyright 2007 Zito Vardar. All rights reserved. Designed by EIN-SOF