на почеток наградна игра вести newsletter контакт форум
 
 
Skip Navigation Links
За Жито Вардар
Производи
Брендови
Прес центар
Бидете во тимот со нас
Сертификати
Календар
 
   
барај
Совет за здрав живот
 


ЖИТО МАЛЕШ АД, Свињарска фарма Берово

Локација

    Свињарската фарма ЖИТО МАЛЕШ се наоѓа во северозападниот дел на Беровската котлина, во непосредна близина на патниот правец Берово - Виница, помеѓу селата Смојмирово и Мачево во близина на реката Брегалница. До фармата може да се дојде од северната страна од регионалниот пат Кочани - Берово.

Историја

  • 1978 – изградба на фарма и почеток со работа во рамки на земјоделски комбинат Малеш
  • 1978 – 1983 години на успешно работење на фармата
  • 1997 – фарамата преоѓа во сопственост на  Жито Вардар и го добива името Жито Малеш кое го носи и денес
  • 1998 -  фармата располага со 60 мајки и нивниот број постојано расте и стигнува 750
  • 2002 – по производство на  расата свињи ДАЛАНД и по соработка со светски позната фирма ТОПИГС
  • 2003 – почеток на производство на 2 хибрида од расата Даланд
  • Денес – производство на раса свињи ДАЛАНД, два вида хибриди; производство на гоеници за колење, хибрид – линија 1 служи за производство на матично стадо на фармата, а назимките од линија 3 служат за производство на мајки за нашата фарма и за производство на назимки за фармите во групација на Жито Вардар.
  • Исто така, фарма снабдува голем дел од фармите во Македонија со семе за вештачко оплодување.
    Денес  80% од производство на товленеици е наменето за потребите на Жито Вардар, како свежо месо или преработено во сувомесни производи.
    Остантатите 20% се за други потрошувачи.
    Целокупното производство на назимки се одвива преку Жито Вардар до сите фарми во групација на Жито Вардар. 

    Техничко резиме на фармата

        Свињарската фарма работи со инсталиран производствен капацитет од 15.000 гоеници годишно, односно основно стадо од 750 маторици и 10-15 нерези. Целокупната организациона поставеност во одгледувањето на свињи се одвива во две фази и тоа репродукција и гоење. Секоја од нив се состои од повеќе подвази-процеси како организациони целини.

    Фазата на репродукција се одвива во четири процеси:

    • припуст
    • спрасност
    • опрасување и
    • одгледување на подмладокот
    Фазата гоење има две потфази:
    • гоење од 25 до 50 кгр и
    • гоење од 50 до 100 кгр.

    Производствената технологија во репродукцијата се базира врз следните производни параметри и технолошки постапки:

    • Припуст на 7 дена
    • Спрасност од 115 дена
    • Доење до 28 дена
    • 10 живо опрасени прасиња по легло
    • 9 одбиени прасиња по легло
    • Смртност    на    прасињата    во    лактација    12,9%, во одгледување 5% и во гоење 3,5%
    • Индекс на орасување 2,3
    • Ремонт на маторици 35-40%
    • Конверзија на храната на ниво на фарма 3,5-4 кд/за 1 кд прирас

    • Во склад со технолошката постапка во деветте фази на производство, на фармата постојат неколку вида сместувачки објекти и тоа:
      • припустилиште
      • чекалиште
      • прашилиште
      • одгледувалиште и
      • објекти за гоење од 25-50 и од 50-100

        Производството на семето од нерези се врши по следната технолошка постапка. Се зема семето од нерезот и се собира во специјална чашка со филтер за да се заштити од нечистотии. Потоа се носи во лабораторија каде се следи виталноста на семето под микроскоп и се разредува по специјална таблица според неговата густина. Се меша со разредителот  и се чува во специјален фрижидер на 18C се до неговата употреба и во зависност од квалитетот на разредувачот може да е и до 7 дена од неговото земање.

    Снабдување и потрошувашка на храна

        Храната на живината се добива од фабриката за сточна храна на АД Жито Вардар од Велес, лоцирана во Градско.Таа претставува смеска од следните компоненти:

    • тостирана пченка
    • тостирано зрно од соја полномасно
    • млечни продукти
    • рибино брашно
    • масти и масла
    • минерали
    • синтетички аминокиселини
    • зрнести и споредни производи на мелничарството
    • споредни производи на индустрјата за шеќер
    • сушени растителни производи
    • храна од животинско потекло
    • минерални крми и друго
    Во зависност од староста на свињите храната е поделена на храна за:
    • прасиња до 7 кгр
    • прасиња од 7-15 кгр
    • прасиња од 15-25 кгр
    • товленици 0д 25-60 кгр
    • товленици од 60 кгр.  до крај на ТОВ
    • маторици, доилки и нерези

    Структура на вработени: 

    ВСС         ССС        КВ        НКВ        Вкупно

      5              9            4           12             30

    Мисија – развиток на свињарството во македонија
    Визија – Инвестиција во иднината – инвестиција во висок здравен статус на свињите кои придонесуваат и за подобро здравје на луѓето.
    Резултати
        Производство на одлична раса за гоење која прикажува одлични резултати на  одгледување (прираст, конверзија и сл.) како и одлични резултати на колење, што се гледа од квалитетот на месото кое  е со одличен квалитет и спаѓа во најквалитетни видови месо.

    Контакт :  село Смојмирово, општина Берово. Р. Македонија
    тел:         033471671
    тел/фах:  033471910
    моб:        075213416

    E-mail: zitomales@zitovardar.com.mk



     





    Совет за здрав живот
    Месото ја подобрува интелигенцијата  
    повеќе...
     
     

    Copyright 2007 Zito Vardar. All rights reserved. Designed by EIN-SOF